ООУ„ВЕРА ЦИРИВИРИ- ТРЕНА“
ГОРДОСТА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Пластика и загадување со пластика

Пластиката стана основна состојка на модерниот живот, се наоѓа насекаде околу нас. Во автомобилите и електрониката, облеката и амбалажа.
Од 1979 година па наваму, во светот се произведува повеќе пластика отколку челик.
 
Со тоа што пластиката е најмногу користена во секојдневниот живот,
 таа стана непријател број еден за човековата околина. Секојдневно се исфрлаат само од домаќинствата милиони тони пластична амбалажа и ќеси. Бидејќи пластиката е тешко разградлива на едно пластично шише на пример во природни услови му се потребни околу 500 до 1000 години да се разгради.
Знаете ли дека 97% од вкупната пластика некогаш произведена, се уште постои денес?
 
Знаете ли дека во март оваа година пластичната ќеса полни 80 години?
Иако полни 80 години може да „живее“ 1000 години.
Затоа не и го слават роденденот!

 

Ова е пуст остров во Тихиот океан оддалечен 3000 км од брегот

 
 
Прекрасно изгледа, но...
 
 
Ова се фотографии од пцовисани птици кои барајќи храна УБИЕНИ се од разниот пластичен отпад исфрлен од прекуокеанските бродови
 
 
СТРАШНО!!!
 
Погледнете го целото видео.
Напомена: Видеото е вознемирувачко!

Знаете ли дека на дното на Тихиот океан има едно место со големина 55 пати поголемо од Македонија и се вика „Пацифички ѓубрен вртлог“?
На тоа место, на дното од океанот има 3 милиони тони пластичен отпад.
Минатата година изумреле 100.000 крајбрежни животни како последица на пластичниот отпад.
 

 

Во океаните настанал најпрво животот на земјата, но научниците предупредуваат дека загадувањето на океаните е опасност за целото човештво.
Нивното загадување е поопасно и од климатските промени.


 
Сепак модерниот начин на живот не може без пластиката.
Затоа треба ние самите да направиме нешто за да го намалиме загадувањето на природата.
 
 
Free business joomla templates